Нуклеарната централа во Словенија ја запре работата по земјотресот во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нуклеарната централа Кршко во Словенија, ја сопре својата работа по земјотресот кој се случи во Петриња, Хрватска.

Гасењето на нуклеарната централа е стандардна процедура во тек на земјотрес.

Епицентарот на земјотресот бил на 80 километри од нуклеарната централа, и веднаш е постапено согласно прописите.

Земјотресот кој се случи попладнево во Хрватска, бил почувствуван и на територијата на цела Словенија, БИХ, во делови на Србија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка па дури и Германија и Италија.