Утрово околу 03:38 часот имало обид за грабеж на банкоматот пред „Тутунска банка“ на влезот на општина Бутел.
Станува збор за четири лица кои дошле со автомобил и поставиле експлозив на банкомат, но само успеале да го оштетат и не успеале да украдат ниту денар. Покрај банкоматот оштетени се и три автомобили кои биле во близина.
Се работи за овие три автомобили зад мене Тојота, Голф и Опел.
Најоштетен е овој бел автомобил Тојота. Засега не успеавме да добиеме повеќе информации од банката за штетата нанесена на банката и на банкоматот, но од нашите информации се работи за штета од околу 2000 евра колку што чини еден банкомат. Од МВР информираа дека се работи за четири лица кои со автомобил дошле наутро околу 4 часот и поставиле експлозив на банкоматот.
„На 6.6.2023 во 3:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Покрај мене имаме и граѓанин кој дошол да подигне пари од банкомат кој сега го нема и се жали дека нема каде на друго место да ги подигне парите освен единствениот банкомат што останал во општина Чаир, а тој се наоѓа во скопска чаршија, на плоштадот Скендербег.
Ве молам која е вашата критика, каде можете да ги подигнете парите?
„Ова го објаснува нашето ниво, вообичаено каде има Албанци нема услуги. Не само овде, се забележува насекаде. Сите потрошувачи се Албанци, 80% од вработените се Македонци. Апаратите на Една Услуга беа изгорени и скршени, никој не одговораше за тоа. Тотален молк. Јас треба да одам до центар да подигнам пари, а овде живеам“, вели жителот.
Денеска е извршена и исплата на социјална помош за ранливите категории, а во отсуство на банкомат, се гледа редот зад мене, кој е создаден за подигање пари од филијалата на банката. Сега предлагам да отидеме и да видиме како е ситуацијата и таму.
„Кај кражбата, подобро е да се краде овде, отколку таму“.
Вие како жители на Чаир сте обврзани сите да дојдете тука за подигнување на пари.
„Не само Чаир, туку сите кои се во Тутунска банка, остана само овој а после мостот има повеќе. Таму има малку посилни контроли. Контролата од страна на државата е таму посилна отколку тука“.
