Царинската управа спречила обид за криумчарење на повеќе од 3 илјади игли и опрема за тетовирање на граничниот премин „Блаце“.
При детална контрола на товарно возило, царинските службеници пронашле и 60 пакувања со вкупно 7,2 литри боја за тетовирање, 150 парчиња маст и дополнителна опрема за тетовирање, кои возачот се обидел нелегално да ги внесе во земјава.
