Поради големите снежни врнежи во Јапонија, „All Nippon Airways“ (ANA), една од најголемите авиокомпании во земјата, откажа 52 летови, а „Japan Airlines“ (JAL) 91 лет, пренесува Анадолија.
Бран ладен воздух опфати поголем дел од земјата, а обилните врнежи од снег го нарушија сообраќајот.
Локалните медиуми наведуваат дека железничките линии на компанијата Јамагата Шинкансен, која работи на северо-исток од земјата, ќе ги прекинат своите услуги од вечерта и нема да работат на првиот ден од новата година.
Јапонската агенција за метеорологија ги зголеми предупредувањата за транспорт и прекини на електричната енергија во регионите каде се очекуваат обилни врнежи од снег со зголемен атмосферски притисок.
Соодветно на тоа, обилните врнежи од снег се очекува да продолжат во западниот регион Чугоку, Хокаидо на север и Кјушу на југозапад.
