Десет лица загинаа, а девет се водат како исчезнати по обилните дождови и лизгање на земјиштето што ја погодија Јужна Кореја во текот на изминатите четири дена, соопшти владата во неделата.
Според Министерството за внатрешни работи и Националната агенција за противпожарна заштита, најголем број смртни случаи е регистриран во јужната покраина Санчеонг, каде што шест лица загинаа, а седум сè уште се водат како исчезнати.
The torrential rains in South Korea, the heaviest in 120 years, have left at least 4 dead and one missing. Authorities have evacuated thousands from flood-affected areas as severe weather continues. pic.twitter.com/PVslsip61B
— StormHQ ☈ (@StormHQwx) July 19, 2025
Други смртни случаи се потврдени во Осан, покраината Ѓеонгги и градовите Сеосан и Данѓин во покраината Јужен Чунгчеонг. Две лица се водат како исчезнати во југозападниот град Гвангжу.
Пожарникарите изјавија дека потрагата во Санчеонг сè уште е во тек и дека бројот на жртви може да се зголеми. Досега се спасени вкупно 58 лица од покраината.
Обилните дождови од среда предизвикаа рекордни количини на врнежи од дожд – Санчеонг регистрираше 793,5 милиметри дожд, соседниот Хапчеон 699 мм и Хадонг 621,5 мм.
Властите регистрираа 1.920 случаи на поплавени патишта, лизгање на земјиштето и оштетување на јавната инфраструктура, како и дополнителни 2.234 случаи на оштетување на приватен имот, вклучувајќи станбени згради и обработливо земјиште.
Вкупно 12.921 лице побарало привремено засолниште во 14 големи градови и провинции. Обилни дождови се предвидуваат и за главниот град Сеул и провинцијата Гангвон до недела.
