Во напад врз полицајци за време на рутинска контрола во Лозница, Србија, еден полицаец загина, додека друг е тешко ранет.
Ова го потврди министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
На лице место полицијата пронашла пасош издаден од косовските власти на име Хајзири Артан (33) и германска лична карта.
Албанските медиуми објавија нова информација за убиството на полицаецот Никола Крсмановиќ во Лозница, тврдејќи дека тој бил застрелан од затворскиот бегалец Фатон Хајризи.
Според нивните изјави, Фатон Хајзири го користел пасошот на сопствениот брат Артан, издаден од косовските власти, за да се обиде да избега.
„Лицето кое пукаше во правец на српската полиција е Фатон Хајризи. По бегството од затвор ги искористил документите на неговиот брат за да избега од Косово. Се сомнева дека целиот инцидент започнал откако Фатон Хајризи одбил да се легитимира на српската полиција. Ова предизвикало најпрвин вербален, а потоа и физички конфликт, при што еден полицаец е убиен, а друг е ранет“, велат тие.
Министерството за внатрешни работи на Србија претходно соопшти дека осомничениот е Артан Хајризи, чиј пасош, издаден од косовските власти, бил пронајден на лице место.
„Најверојатно, бидејќи е пронајден пасош на името на Артан, првично се веруваше дека тој е убиецот. Истрагата се уште е во тек и се чека официјална изјава кој од браќата всушност пукал во полицајците“, пишуваат албанските медиуми.
