Ова се дел од жителите на Домот за стари лица во Чаир.
Покрај нивното незадоволство од институцијата во која живеат, неодамна нивниот мир го наруши и почетокот на изградбата на овој објект во близина.
Милан Бабичиќ стравува дека градбата овде ќе им ја одземе сончевата светлина и дека нема да има простор за чист воздух.
Оваа госпоѓа која исто така живее во овој дом за стари лица ја има истата грижа.
„Ние пензионерите немаме воздух, светлина, ништо. Зградата ќе има 6 ката, како ќе живееме?! Сакаме мирно да ги поминеме старите денови, да не ја поткопаат целата зграда, да ме пикнат во соба, доста беше со кражби“, вели пензионерка.
ТВ21 ја праша општина Чаир кој гради овде и дали се гради според планот. Од таму ни рекоа дека работите се стопирани бидејќи нема градежна дозвола.
„Градежниот инспекторат кај општина Чаир излезе на терен и ги стопираше работите на предметната катастарска парцела“, велат од општината.
Се обидовме да најдеме кој гради овде, но не успеавме. Дури и од општина Чаир ни рекоа дека и за нив не е познато лицето што ги врши работите бидејќи досега никој не отишол да извади дозвола и дека изведувачот не е пронајден на местото на настанот.
