Облачно и постудено време со дожд – локално се очекуваат над 30 литри на квадратен метар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Под влијание на циклонска активност времето утре ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и во сабота претпладне.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 30 l/m² воден талог.

Во Скопје, утре попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет.