Епицентралното подрачје на Петриња е погодено од 374 земјотреси од 28 декември, а дури 109 во последните два дена, според прелиминарните податоци објавени денеска од геофизичкиот оддел на Научниот факултет во Загреб.
Првиот земјотрес во областа Петриња беше регистриран на 28 декември, со јачина од пет степени според Рихтеровата скала во 06.28.
Најсилниот земјотрес што ги погоди Петриња, Глина и Сисак се случи следниот ден, на 29 декември, во 12:19 часот, со јачина од 6,2 степени, со епицентар на пет километри југозападно од Петриња на длабочина од 11,5 километри, пренесува агенцијата Хина.
После тој земјотрес, до 31 декември, областа погоди 265 земјотреси посилни од еден степен. На новогодишната ноќ, областа се тресеше 69 пати, а на 2 јануари до 14 часот беа забележани 40 земјотреси.
