Обука на нова генерација ски-патролери – викендов по долго време се пушта во функција „Цeрипашина“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обука на нова генерација ски-патролери започнуваат Центарот за образование и научно истражување „Планинска Академија“ во соработка со ски-центарот Попова Шапка и Здружението за планинско спасување „Асклепиј“. Ќе има и серија работилници посветени на безбедноста во ски центрите.

Можат да се пријават сите, без старосна граница, под услов да се чувствуваат психо-физички здрави, да можат на ниски температури по 8-12 часа да поминуваат на снег, спасувајќи скијачи во случај на повреди и еве што друго треба:

„Обуката произлегува од проблемот што го третираат ски-патролерите и почива на три компоненти: една е познавање на прва помош на поврдени и настрадани луѓе, втората е да се врши транспорт со познатиот аки чанец или санка што ја возат ски-патролерите и да имата основни познавања од алпинистички техники и јажеви техникли за да вршат евакуација на патници во случај на застој на жичарата“, истакна Константин Циривири.

Обуката ќе се изведува според верификувана програма во Министерството за образование и наука и во согласност со светските стандарди за безбедност на планина, препорачани од меѓународната комисија за планинско спасување каде што здружението „Асклепиј“ е членка од 2016-та година, како единствена организација од Македонија.

„Ние сакаме да имаме безбедност во нашиот ски-центар. Ски-патролерите се грижат за здравјето, за безбедноста на скијачите, за не дај Боже да не се случи некоја повреда, тие се на лице место во било кое време. Одлична координација, одлична комуникација која ќе продолжи до крај на сезоната“, посочи Адем Авзиу .

Ова е само еден од новитетите за ова сезона во ски-центарот Попова Шапка. Директорот Авзиу најавува дека оваа година ќе бидат на располагање сите ски-лифтови.

„Секој работиме напорно за пушање во функција и на Церипашина. Се надевам и сигурен сум дека овој викенд ќе биде пуштена за првпат оваа сезона имајќи предвид дека имаше голме дефект кој се санираше преку летото. Во овој момент на лице место се наоѓаат и професире од Машински факултет уште еднаш да ги тетсираме сајлите на двоседната жичара. Се надевам ќе бидеме искомшплетирани и ќе бидеме безбдни да ја пуптиме во употреба . Треба да имаме предвид дека долго не работеше па сакам да бидма сигурен дека чќе биде целсоно во функција за доброто и за сигурноста на туристите, на граѓаните, на скијачите“, вели Адем Авзиу .

Стандардизирана обука на ски патролери во земјава се спроведува од 2018 – година. Во 2019-та процесот  беше поддржан од швајцарската агенција за соработка, при што беа обучени 15 ски – патролери и одржани неколку работилници за безбедност во ски центрите.

Тоа е значаен придонес кон развој и афирмација на професијата ски патролер и промовирањето на нејзиното значење за креирање квалитетни туристички производи и атрактивен ски дестинациски простор. Минатат година имале 700 интервенции за време на цела сезона.