Обвинителството оформи предмет по кажувањата на премиерот Мицкоски дека нелегално бил следен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јавното обвинителство има оформен предмет по допрен глас, брз основа на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој посочи дека

Мицкоски вчера во Собранието кажа дека од 2020 година една од безбедносните агенции располагала со наводни информации дека е организатор на вооружени терористички структури, а оти за тоа не го информирала МВР зашто во тој период во 2020 година технички министер бил Наќе Чулев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски денеска рече дека очекува обвинителството да реагира за злоупотреба на безбедностите служби од претходната власт.

„Јавното обвинителство веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, за што Јавниот обвинител на денешната средба веќе го информираше и премиерот. Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите“, стои во соопштението од Јавното обвинителство.