Независните уметници велат дека немаат поддршка од Министерството за култура. Според нив, на брутален начин се погазени правата на уметниците Албанци со елиминирање на сите оние кои конкурирале да добијат право на здравствено и други придонеси.
Плеурат Гаши, уметник, вели дека освен ова, Министерството за култура ги отстранило од списокот и уметниците кои го имале ова право изминативе години.
„Причината е вистински апсурд. Во одлуката се вели дека немаме признанија,плакети,дипломи за нашата дејност во текот на 2020, кажете ми дали функционираше уметноста минатата година, или бевме во пандемија, тоа е чудно. За да бидеме појасни, конкурсот за независни уметници беше објавен на почетокот на декември и истекуваше на крај на истиот месец 2020 година, што подразбира дека резултатите од овој конкурс требаше да се објават на 15 јануари 2021 согласно законот за култура кој го предвидува тој временски рок, и со доцнење од 5 месеци ни ги испраќаат негативните одлуки без да ги објават на веб или на официјалниот сајт на Министерството“, истакна Гаши.
