Обвинувања и против обвинувања – се скараа носителите на листи во ИЕ2 во изборната дебата на ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓусебни обвинувања на носителите на листи од ИЕ 2 за реализирани и нереализирани проекти.

Почнаа да дебатираат за општина Куманово, а завршија за премиер Албанец.

„Овие демагогии нема да ги слушам. Жал ми е што се правиш божем ги браниш сите валкани работи и зулум што им се нанесени на Албанците. Не би сакал никогаш да те видам во таа позиција, жими Господ, бидејќи ти воопшто не си виновен.“, рече Орхан Ибраими.

„Како политичка партија не сме во трка, бидејќи не сме во лига, ние сме во конкуренција со две македонски партии и цела јавност ја гледа загриженоста на двете македонски партии, кои се подготвени да си дадат одреден број мандати за да не ги уценува ДУИ, божем да не ги уценуваат Албанците.“, изјави Адеми.

Орхан Ибрахими рече дека ветувањата на лидерот на ДУИ не држат вода кај Албанците.

„Убедени сме, мислам дека не, убедени сме дека кај Албанците, овие соништа и капитални ветувања на Али кои ги емитува во етер, не држат вода.“, вели Ибраими.

„ДПА вели дека е национална партија, на која му смета премиер Албанец а нема проблем со тоа премиер да биде Зоран Заев или г. Мицкоски.“, изјави Адеми.

Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ се жалеше дека во емисијата не се зборуваше воопшто за Македонците.

Спасовски рече дека е постигната еднаква правда.

Инаку на дебатата беше поканет и носителот на изборната листа на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Африм Гаши, но тој не ја прифати поканата за изборна дебата.