Договорот меѓу Северна Македонија и Косово за заедничката гранична точка беше потпишан, но реално граѓаните продолжуваат да чекаат на двата контролни пункта.
А кога граѓаните ќе можат да застанат на Блаце само еднаш?
Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека на 1 јануари се очекува да биде комплетирано заедничкото македонско-косовско барање, бидејќи двете земји во моментов имаат различни апликации за контрола на документи. Но, пред тоа договорот мора да биде ратификуван и во Собрание, за што Груби смета дека нема да има проблем.
„Овој договор е потпишан, сега овие две министерства ја развиваат оваа заедничка апликација, имаат рок до 1 јануари да ја стават во сила според потпишаниот договор, посакувам заеднички да успеат да ја изработат оваа апликација а во меѓувреме нашето МНР и косовското треба да го подготват законот за ратификација на договорот потпишан во Собрание за кој не верувам дека ќе има проблем, прашање на денови е МНР кога ќе го предложи во нашето Собрание“, вели Артан Груби.
Дури и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека процесот е во тек и дека се очекува многу брзо да заврши.
Воведувањето заеднички граничен премин познат како “One Stop Shop” меѓу Македонија и Косово се очекува да овозможи побрз транспорт на стоки и луѓе.
Сега за сега таков граничен премин имаме со Албанија на Ќафасан и Србија на Табановце, а и таму, иако имаме заедничка контрола, често има случаи на долго чекање на границата.
