Од 1. јули ќе се издаваат пасоши со новото уставно име

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од 1. јули годинава, ќе почнат да се издаваат пасоши со новото уставно име – Република Северна Македонија, потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната седница за пратенички прашања во собранието.

Тој од пратеничката Ане Лашкоска доби прашање околу немањето на обрасци за пасоши, со што Спасовски демантираше и кажа дека имало проблем само со дипломатските пасоши.

Спасовски рече дека во моментов се врши миграција на податоци која ќе трае до понеделник, кога се продолжува со стандарната процедура на издавање на лични документи.

„Во овој момент се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци“, рече Спасовски.