ВТОРОТО коло во групата Ц на Европското првенство во Германија ќе го отворат репрезентациите на Словенија и Србија, кои ќе се соочат во Алијанц Арената во Минхен.
Во дербито на екс-ју репрезентацијата двете селекции се очекува да имаат громогласна поддршка од трибините на стадионот на Баерн.
Во првото коло Србите загубија од Англичаните, а Словенците ремизираа со Данците. Затоа, овој натпревар претставува потенцијално клучен натпревар од групната фаза за екипите на Матјаж Кек и Пикси Стојковиќ, во кој можат да дојдат до вредни бодови во осминафиналето.
