Од 2019 се разрешени 8 судии – Маричиќ: Наскоро ќе имаме план за чистка на судството

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се уште не е готова методологијата или моделот на Министерство за правда за многу зборуваната чистка во судството иако министерот Бојан Маричиќ вети дека планот ќе биде готов првиот месец од неговиот мандат. До првите 100 дена на оваа Влада останаа уште малку, а денеска Маричиќ изјави дека подготовката на моделот е во тек.

Маричиќ истакна дека во судството ќе има место само за чесни, професионални и одговорни судии. Меѓу другото додаде дека идејата е да има постојана динамика на проверка на работата на судиите и обвинителите, кое во рамките на сегашниот закон ќе овозможи транспарентност, одговорност и етика во судството и обвинителството.

Во работната група која го подготвува планот за чистка на судството учествуваат членови и раководители од Советот на обвинители, Судскиот совет и експерти од областа кои се уште работат на  планот, извести Маричиќ.