Од 2025 година нови правила за влез во ЕУ, ќе се плаќа 7 евра со регистрација онлајн

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската унија во 2025 година планира да го воведе новиот систем за влез и излез од земјите членки на ЕУ. Не е прецизирано кога ќе биде пуштен системот во употреба.

Измените кои ги засегаат и граѓаните на Македонија, се плаќање 7 евра за патниците кои ги посетуваат земјите членки на ЕУ за бизнис, туристички, медицински или транзитни цели.

Идната година ЕУ планира воведување на два системи за реигстрација на патници кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ и надвор од Шенген зоната. Овие системи ќе имаат цел да ја зајакнат безбедноста и да ги забрзаат процедурите за влез во ЕУ.

Инаку овој систем беше најавен за оваа година, но беше одложуван.

Првиот систем е EEC (Entry/Exit System), кој е автоматизиран ИТ систем за регистрирање на државјани кои не се члкенки на ЕУ и кои патуваат на краток престој, односно транзит на која било од земјите членки. Од овој систем првично ќе бидат исклучени Кипар и Ирска кои и натаму ќе ставаат печати во пасошите на патниците. Под краток пресој се подразбира престој од 90 дена. Системот нема да важи за оние кои имаат дозволи за престој во ЕУ, како и за оние со регулирани визи.

Откако ќе почне да функционира ЕЕС, ќе биде воведе и ЕТИАС систем. Тоа е систем кој дигитално ќе ги прикажува и следи патниците кои влегуваат и излегуват од земјите на ЕУ.

Системот ќе ги проверува безбедносните податоци за патниците, и ќе наплаќа надомест. Во иднина сите кои сакаат влез во ЕУ земја, ќе мора да се регистрираат и да платат еднократен надомест. Процедурата за регистрација ќе биде онлајн, или на компјутер или со мобилна апликација, и ќе може да се пријават сите кои поседуваат биометриски пасош.

Најпрво се пополнува апликација во која се наведуваат следните информации:

Лични информации вклучувајќи ги име(и), презиме, датум и место на раѓање, националност, домашна адреса, имиња на родители, адреса на е-пошта и телефонски број;

Детали за патниот документ;

Детали за ниво на образование и моментално занимање;

Детали за планираното патување и престој во која било од земјите за кои е потребен ETIAS;

Детали за какви било кривични пресуди, какви било минати патувања во воени или конфликтни зони и дали неодамна сте биле предмет на одлука со која се бара да ја напуштите територијата на која било земја.

Доколку некој ја поднесува апликацијата во ваше име, тоа лице ќе мора да го даде своето презиме, име, и податоци за контакт на организацијата или фирмата (ако е применливо), како и информации за нивната врска со вас и потврда дека ова лице и вие сте ја потпишале изјавата за застапување.

На крајот ќе треба да се плати надомест од 7 евра, исто така онлајн. Од плаќање на надоместокот се ослободени лица под 18 и над 70 години возраст, како и членови на семејство на државјани на ЕУ или на лица кои имаат регулиран престој во ЕУ.