Тендер за поставување камери за аудио-снимање – гинекологијата во Чаир се подготвува за прислушување?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир објави тендер за поставување на 22 нови безбедносни камери. Нашиот тим одблиску го сними нивното поставување моментално само по ходниците. Според спецификациите на јавната набавка до кои дојде ТВ21, тендерот кој го доби приватна компанија, камерите ќе снимаат и аудио. Тоа го загрижи медицинскиот кадар, но и пациентите кои се жалат дека се работи за нарушување на приватноста. Се чувствуваат исплашени од управата да зборуваат отворено, додека се пожалија во нашата редакција.

„Иако моментално има безбедносни камери во Гинеколошката болница во Чаир, Управата ќе постави и други безбедносни камери, кои што се во фаза на поставување на каблите во сите ходници на оваа болница. Според медицинскиот кадар, овие камери ќе имаат и аудиоснимање, нешто што подразбира нарушување на приватноста на пациентите, но и на вработените кои работат во оваа болница“, вели репортерот на ТВ21.

Се шпекулира дека се подготвува поставување камери и во породилните сали. Во врска со ова го прашавме шефот на оперативното одделение, Емил Бајалски.

Во комуникација со правниците на болницата, тие рекоа дека управата воопшто не го консултирал секторот за правни прашања. Според Законот за заштита на приватноста, тонско снимање е забрането, казниво со затвор.

„Тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушувана или тонски снимана ќе се казни со казна затвор до една година, доколку содржината на разговорот ја нарушува приватноста на личниот и семејниот живот“, се вели во Законот за заштита на приватноста, член 1, став 1.

И обезбедувањето ни кажа дека во Гинеколошката болница Чаир се поставуваат камери за аудио снимање, според кои тоа е направено со цел да се избегне погрешно префрлување вина.

Нашата екипа веќе два дена ја бара директорката на оваа болница Пранвера Изаири, но таа е недостапна. Таа ни одговори само писмено, каде се цитира дека „во породилните сали нема да има камери, додека новите камери не снимаат звук“. Според директорката Изаири, овие инсталации се направени согласно прописите на болницата кои се однесуваат на безбедноста на објектот. Но, таа не одговори зошто мониторингот на вработените треба да се прави во форма на незаконско прислушување, со нарачка на висококвалитетни камери за видео и аудио снимање.