Стефан Ивановиќ има 37 години и е од Скопје. Тој боледува од церебрална парализа. Се бори со оваа болест уште од раѓање. До 2019 година мајка му му помагала за се, но таа веќе не е жива. Веќе 5 и пол години живее сам. Станот во кој живее го продал во 2023 година за да замине на лекување во Киев. Сопственикот му дозволил да живее без надомест до јануари годинава, додека од февруари до април ќе треба да плаќа кирија од 6.000 денари. Потоа тој е оставен на милост и немилост бидејќи на крајот на април мора да го напушти станот.
Стефан прима социјална помош од државата и има асистент кој му помага во домашните работи. Поднел барање за социјален стан, нешто што му следува со закон, но се уште нема добиено одговор од надлежните институции.
На Стефан му е потребен третман со матични клетк, што може да се изврши во Киев. Првиот третман, на кој се подложил со средствата од продажбата на неговиот стан, бил успешен, но поради природата на болеста мора да се подложи повторно на истиот третман. Потребната сума само за лекување е 18 илјади евра, а од броевите за донации Стефан веќе собрал 8 илјади евра. Заедно со престојот и патните трошоци му се потребни уште 12 илјади евра за лекување во Киев.
Сите хумани луѓе кои сакаат да му помогнат на Стефан може да го сторат тоа на овие телефонски броеви отворени за донации: 143 330/Телеком и 143 485/А1, а може и директно да го контактираат на телефонскиот број 072 512 457, додека може да се донира и на сметката што ја гледате на екранот.
Име и презиме: СТЕФАН ИВАНОВИЌ
Трансакциска сметка: 200004097224314
Банка: СТОПАНСКА БАНКА
Телефонски број: 072512457
