Од Чаир директно на обиколница – работите „заглавија“ на кружниот тек, Пластичарска џабе е проширена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Знаците покажуваат дека булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Бутел се уште не е отворен за автомобили, но граѓаните се љубопитни и поминуваат од таму. Отстранет е еден знак за да може да поминуваат автомобилите.

Градежните работи се завршени, се чека само Град Скопје и официјално да го отвори булеварот. Тоа се очекуваа оваа недела. Преку овој булевар од Чир можете директно да излезете на обиколница.

Багерите работат и во недела на булеварот „Никола Карев“ или познат како Пластичарска.
Еден дел е завршен, но граѓаните повторно го користат за паркинг со што продолжува метежот во сообраќајот.

„Секако дека е добро но треба да се почитуваат сите сообраќајни правила за да нема метеж по улиците“, вели граѓанин.

„Ова е добро за луѓето, но една улица не треба да се прави една година. И тоа не е во ред. Оваа улица секогаш била проблематична, но државата треба да ги среди тие работи.“, вели друг граѓанин.

Во меѓувреме е во тек и работат кај кружниот тек кај Чаир во близина на амбулантата. Овде се создава метеж бидејќи две ленти се блокирани.

„Се наоѓаме на улица Втора македонска бригада каде се во тек градежните работи за кружниот тек во Чаир. Граѓаните се жалат дека работите се одолговлекле, а од Град Скопје ветуваат дека наскоро ќе биде завршена обиколницата.“, јавува репортерот на ТВ21.

„Помина многу време откако почнаа да градат и се уште ништо. Чекаат избори за да покажат кој изградил нешто, инаку ништо не се гради.“

„Во близина на градинките и училиштата не треба да има кружен тек бидејќи е опасно за пешаците особено за децата. Добро е да има, го олеснува сообраќајот, но изградбата трае долго сигурно поради ситуацијата.“

„Многу се доцни со работата. Сега ако излеземе на Јахја Паша, ни во Африка не е како таму. Не може да помине ни автобус ни автомобил. Ти треба еден час од таму до Бит Пазар.“

Прашавме во Град Скопје во врска со овие проекти. Од таму велат дека работите можеле да завршат и порано, но се одолговлекле поради лошите временски услови.