28-годишен жител на селото Врапчиште е лишен од слобода по полициски претрес, при кој биле пронајдени и запленети сомнителни наркотични супстанции.
Според полициското соопштение, претресот бил извршен на 9 октомври 2026 година, од 20:40 до 21:50 часот, во куќа и помошни простории во Врапчиште, врз основа на судска наредба.
При претресот, полициските службеници пронашле и заплениле едно пакување марихуана и две пакувања кокаин, од кои едното се наоѓало во епрувета обвиткана со алуминиумска фолија. Во врска со случајот, уапсен е М.А. (28) од Врапчиште.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
