Од четврток од 21 часот до понеделник до 05 часот во целата земја се забранува посета на гробишта, освен за погреб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Во целата земја се забранува посета на гробишта на целата територија, освен во случај на погреби од четврток од 21 часот до понеделник до 05 часот“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Петок е неработен ден за сите граѓани, напомена Филипче.

Министерот за здравство напомена дека остануваат да важат дозволите издадени минатиот пат, како и часовите за прошетка на милениците.