Граѓаните поради високите такси кои требаа да им ги плаќаат на судовите, често пати се откажуват да поднесат тужби. За да се охрабрат граѓаните, Министерството за правда ги намали судските такси за 8 пати. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48 илјади денари, сега нема да бидат повеќе од 6 илјади денари. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6 илјади денари, во зависност од вредноста на спорот.
„Пример, ако се работи за долг од 15.000 илјади евра, или 93- илјади денари, почнувате парнична постапка во граѓански суд. Судската такса е 2 отсто од вредноста на спорот. По старата такса, требаше да платите 18.600 денари судска такса. По новата, ќе платите само 6.000 денари“, посочи Бојан Маричиќ
Адвокатот Јанаки Митровски вели дека судските такси воопшто не би требало да се плаќаат затоа што граѓаните во секој момент треба да имаат пристап да ја бараат правдата.
„Мене ако ме прашувате судски такси не треба воопшто да плаќаат затоа што граѓаните на милиони начини и со плаќање на разни давачки и такси го полнат буџетот од кој подоцна се трансферира во судксиот буџет, одлуката секако е за подржување, а доколку јас се прашувам воопштоне треба да се плаќаат такси. Судската такса не треба да биде пречка на граѓаните да имаат пристап до суд“, вели Јанаки Митровски.
Луѓето на кои им беше потребна правда, многу пати се откажуваа да ја бараат во судниците поради високите судски такси.
