Трговците од денеска треба да ги намалат цените на над 1.000 прехрамбени производи. Одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените, поминаа во Службен весник. Заменик-министерот за економија Марјан Ристески во Бизнис 21 кажа дека очекуваат намалување на цените до 10 проценти, освен на осумте групи со основни прехрамбени продукти, каде цените не треба да се зголемат. Прашан зошто се замрзна цената која била на 1 февруари, кога после новогодишната кошничка производите пак поскапеа, Ристески вели немало зголемување.
„Бидејќи за новогодишната кошничка самите производители односно трговци и маркети ги намалија цените за 10 проценти, сега доаѓаме до период кога се зголемија за 10, се вратија тие цени и ние треба да ја ограничиме бруто маржата или да ја замрзниме цената на тие повисоки цени“, вели Ристески.
-Не сметате дека задоцнивте малку со одлуките.
Ристески: Не е задоцнето затоа што ви кажав дека дел од тие производи не се зголемени, а од она што го дале како попуст во претходниот период само дошла само нормалната цена што ја имаат пазарна цена.
Биле земени во предвид сите предлози од бизнисот кои стигнале до нив. Ристески вели при носењето на мерка треба да се штити и бизнис секторот за да не се направат проблеми на економијата. А имаат механизми како да ги спречат сите трикови на трговците.
Ригорозните казни пак најавени за од јануари со Законот за нефер трговски практики кој беше системско решение кое требаше да се спречи екстра профитот на трговците, сепак ќе почекаат. Во законот е пропишано да не се надминува рабатот до 10 проценти, но во текот на целата година. Па Антимонополската управа ќе треба да аналзира период од септември лани до септември годинава, па дури потоа да изрекува казни.
„Во самиот закон е пропишано да не се надминува рабатот и останатите трошоци 10 посто во текот на целата година. Значи тие можат во одредени месеци да го надминуваат тоа, не дека не е дозволено, меѓутоа кога ќе се собере севкупниот резултат на рабати и трошоци во текот на крајот на годината не смее да надмине 10 посто. Таму каде што ќе се надмине ќе има ригорозни казни“, вели Марјан Ристески.
Инаку, одлуките на владата со кои се очекува да се зауздаат цените на основните прехрамбени продукти, ќе вжат до 30 април и ќе ги опфатат рамазанските и велигдеснките празници.
