„Драги и почитувани ученици, и сите вие кои нѐ следите!“
Од оваа соба со својот дом, наставникот Насер Мифтари им се обрати на учениците. Држи час по историја, бидејќи училиштето „Зеф Љуш Марку“, како и сите останати се затворени поради ризикот од ширење на коронавирусот.
Пред да почне со предавањето, ги праша учениците како се расположени…
Откако се увери дека сакаат да слушаат, го започна часот.
До овој момент на професорот му беа потребни повеќе од 30 минутна подготовка.
„Има еден проблем тука, не сака да се вклучи видеото…“
Но, за да го одржи овој час, денеска професорот Мифтари побара помош од неговата ќерка, а вчера во пресрет му излегол колега, професор.
Насер Мифтари: Досега имаме две платформи кои работат во оваа форма – meet и zoom. Што се однесува до овие две платформи, должен сум да му се заблагодарам на професорот Хазир Алиу, кој уште од првиот ден е со нас и кој даде сѐ од себе.
ТВ21: Дали Ви беше тешко да се навикнете? Дали тој Ви покажа, Ве обучи?
Мифтари: Тој беше со нас, тој ја направи целата апликација. Малку е тешко поради возраста, а и до сега не сме имале ваков вид обука.
Професорот користи и други платформи. Иако овој ангажман му одзема многу време и енергија, сепак вели дека не е целосно исполнет.
„Можеби можеме да дадеме повеќе информации отколку кога сме во училишните клупи. Не е тоа тоа ако немаме интеракција. Мене ми се чини како да зборувам самиот со себе“, вели Мифтари.
Освен во средните училишта, онлајн часови не се одржуваат ниту на јавните универзитети. Поради тоа, министерот за образование и наука, Арбр Адеми одржа средба со ректорите.
Гимназијата „Зеф Љуш Марку“ е едно од ретките училишта во земјата кое одржува вакви часови. Причина е немањето обуки, возраста на професорите и недостатокот на интернет. Токму од овие причини, професорот Мифтари го одржа часот од дома.
