Од есен ограничувања за невакцинираните – ќе се бара сертификат за присуство на поголеми настани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Освен интензивната кампања за вакцинација, и слики како оваa, давајќи вакцини во тракторска приколка, процесот на имунизација не се одвива според очекувањата.

Пред неколку недели, Министерот за здравство тврдеше дека земјата има капацитет за да вакцинира 10 до 15 илјади граѓани дневно, но изгледа овој план не може да се реализира. Многу е мала заинтересираноста на граѓаните, затоа почна и вакцинацијата на терен, вели првиот човек на здравството, најавувајќи ограничувања за на есен.

Меѓу 70 и 85% вакцинирани граѓани, од вкупното население, би била задоволителна бројка за создавање колективен имунитет, рече Филипче, кој очекува дека до крајот на овој месец со најмалку 1 доза ќе бидат вакцинирани вкупно 500 илјади граѓани, а приближно толку и ревакцинирани.

Вакцинацијата продолжува во сите пунктови низ земјата, во големите сали и пунотвите за вакцинација во градовите, како и на терен, без закажан термин. Децата на возраст меѓу 12 и 16 години исто така ќе можат да се вакцинираат, само со вакцината „Фајзер“, а родителите ќе треба закажат термин.