„Од „Фајзер“ ни кажаа дека нивна деловна политика е да не разговараат со држави под 2 милиони жители“, вели Пендаровски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека во комуникацијата со „Фајзер“ им било посочено дека предност имаат поголемите држави со стотици милиони жители и не разговараат со држави кои имаат под 2 милиони жители.

Шефот на државата посочи дека овој разговор бил пред Нова Година.

„Да споделам една коресподенција која јас и еден од нашите министри ја имавме со најголемата компанија „Фајзер“ пред Нова Година кога се обративме во седиштето. Прво не прашаа која е големината на потенцијалните консументи, и кога кажавме дека сме околу два милиони луѓе, разговорот брзо заврши. Рекоа дека во овој момент имаат неверојатно навалување на држави со стотици милиони жители“, посочи Пендаровски.

Тој додаде дека „таква била политиката, да не разговараат со држави помалку од 2 милиони жители“.