Од говорницата на ОН – во Град Скопје – Цако вети дека ќе работи за лицата со попреченост

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сектор за социјална, детска и здравствена заштита ќе биде работното место од каде Александар Матовски, Цако, лице со Даунов синдром ќе ги бара правата на лицата со попреченост.
Ако некогаш Цако овие права ги бараше од говорницата на Обединетите нации како активист, од денеска тоа ќе го прави како прво лице со Даунов синдром вработено во администрацијата на Град Скопје. Неговиот ентузијазам не се гледа само во неговите очи, туку и кај пријателите.

Тој очекува соработка од колегите во реализирање на приоритетите, но има апел за институциите и родителите на децата со некаков вид попреченост.

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, очекува Цако да помогне во унапредување на социјалниот статус и служба на лицата со попреченост.

Цако вели дека има доволно искуство за да му помогне на Скопје и на сите оние кои имаат потреба од помош. Со искуство се стекнал во Турција и Холандија, но и од студиите. Тој особено се заблагодари на неговото семејство од кое ја добива најголемата  поддршка.

error: Content is protected !!