Од каде му се на Мијалков 11 милиони евра – Зендели: Дискутабилно е како дошле до оваа сума

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Обвинувања и контра-обвинувања меѓу ДУИ и Алијанса за Албанците во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. Пратеничката од редовите на интегративците, Арта Биљали-Зендели и пратеникот на Алијанса, Халил Снопче дебатираа на неколку теми, но најмногу се задржаа на правосудството. На прашањето – дали една банкарска гаранција е посилна од законот, Зендели со одговор дека од правен аспект, Сашо Мијалков и Јордан Камчев не ја купиле слободата со 11 милиони евра. Вели дека е дискутабилен начинот на кој обвинетите успеале да дојдат до оваа сума пари.


-Според моето мислење како правник е дискутабилна сумата од 11 милиони евра, односно од каде овие луѓе нашле 11 милиони евра, како успеале да соберат 11 милиони евра? Дали е дискутабилно тоа што никој не прашува за ова? Да, дискутабилно е, бидејќи тие не ја купија слободата. Слободата во судски процеси, односно одземањето слобода или лишување од слобода, може да се утврди со правосилна пресуда, а тие сѐ уште се… за јавноста, бидејќи вие велите дека ја купиле слободата. Не ја купија, тие се под истрага, рече Арта Биљали-Зендели пратеничка од ДУИ.

Опозицискиот пратеник, Снопче рече дека Владата нема политичка волја за да ги реши проблемите, додавајќи дека демократските вредности во нашата земја не се применуваат.


-Во име на демократијата законот не функционира, во име на демократијата имаме корупција, во име на демократијата имаме криминал, имаме луѓе кои се шетаат со 200 пасоши итн. 11 милиони евра Фатмир, 11 милиони евра! Како еден човек во оваа држава може да заработи 11 милиони евра? Бил вработен, бил шеф на тајната служба, земал плата, дури и Камчев, не само Мијалков, и Камчев имал 11 милиони евра, вели Халил Снопче од Алијанса за Албанците.

Биљали вели дека за правосудниот систем се срамни случаите кои се затворени, а за кои се смета дека затворениците се невини, додека Снопче пак, на став дека актуелната Владата нема да успее поради политичкиот неморал.