Од Кичево до Лин, Албанија со воз, проект вреден 426 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Се работи за многу скапа железничка инфраструктура, посебно на тежок терен како што е овој во западниот дел на државата, но и источниот дел на коридорот 8 железницата од Куманово до Бељаковце, Крива Паланка и границата со Бугарија. Се работи за тешки планински предели кадешто има сериозни зафати, мостови, тунели. Тоа ќе ни се случува и на западниот дел“, изјави првиот човек во Министерството за транспорт и врски, Благој Бочварски во „10 Минути“ на ТВ21.

Тој посочи дека сега ги очекуваат ставовите на Министерството за финансии за тоа до каде се со обезбедување на средствата, а додаде и дека можна е поддршка со странски донатори-кредитори кои ќе и помогнат на државата со реализација на овој коридор 8.

„Ние како Министерство секако дадовме позитивно мислење во однос на изградбата на оваа делница, од Кичево до Лин со што ќе ги очекуваме и експертите со цел да ги дадат своите ставови, мислења и конечно по одобрен проект да влеземе во реализација“, вели Бочварски.