ТВ21 контактираше со директорката на болницата за Пластична хирургија во Скопје, Софија Пејкова и со докторот во ургентниот центар Алберт Леши кои велат дека повредените пациенти не се донесени во Скопје.
И двајцата доктори потврдуваат дека повредените од пожарот во ковид центарот во Тетово се пренесени во болниците низ Тетово и таму се третираат.
Д-р Пејкова посочи дека е во контакт со директорот на болницата за пластична хирургија во Тетово и доколку има потреба, болницата во Скопје е спремна да прими пациенти.
