Светот на спортот жали по 14-годишната Бразилка, Маријана Франклин Фереира која почина од последици на коронавирусот.
Имено, таа се заразила со вирусот пред еден месец, но тој повторно се вратил. Кога покажала симптоми била примена во болница, но за жал ја изгубила оваа борба.
Фереира настапила на турнирот во Сантос на 9 и 10 декември, каде почувствувала болка во главата и телото. По пристигнувањето дома, овие симптоми станале уште поголеми. Бидејќи имала многу мала сатурација, таа веднаш била примена во болница. Иако на почетокот се чинело дека нејзината состојба се стабилизирала, по само по 24 часа, таа била ставена на апарати за дишење по два тешки напади.
