Од коронавирус почина поранешниот селектор на Хрватска и на Албанија, Ото Бариќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од компликации од Ковид-19, во Загреб почина Ото Бариќ, поранешниот селектор на репрезентациите на Хрватска и на Албанија.

Бариќ почина на 87 годишна возраст, а токму Албанија му беше последна станица во тренерската кариера пред 13 години.

Бариќ во минатото бил тренер на неколку австриски, германски и хрватски екипи. Меѓу познатите биле Штурм, Рапид, Штутгарт, Салцбург, Динамо Загреб, а го водеше и турски Фенербахче. Освен Хрватска и Албанија, тој беше селектор и на австрискиот национален тим.

Со Салцбург во 1994 година играше во финалето од Купот на УЕФА.