Илче Котески, претседателот на РК Ресен и поранешен играч и капитен на клубот, почина на 41-годишна возраст од компликации предизвикани од Ковид-19 вирусот.
Тој почина во болницата „8-ми Септември“ откако во текот на вчерашниот ден му се влошила состојбата, и бил ставен на респитарот.
Ресен три месеци немаше регистрирано ниту еден заболен од коронавирус, а во последните две недели стана едно од жариштата со вкупно 87 заразени и двајца починати.
Котевски е ресенчанецот за кого пред неколку дена се бараше крвна плазма на социјалните мрежи за Б позитив крвна група. Беше објавено дека лекарот Мирослав Бошковски од Куманово на 35 години донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент што се лекуваше во „8 Септември“.
