Миловоје Мича Милошевиќ, режисерот на филмскиот култен серијал „Тесна кожа“, почина денеска на 91-годишна возраст од компликации со коронавирус, јави „Б92“.
Милошевиќ ги режираше „Тесна Кожа“, „Лаф во срце“, како и неколку документарни филмови. Еден од нив беше кандидат за Оскар.
Филмскиот серијал „Тесна Кожа“ почна да се снима во 1982 година, и до 1992 беа снимани четири продолженија.
Во план беше и снимање на уште два дела, но поради смртта на главниот глумец Никола Симиќ, се откажа снимањето на петтиот и шестиот дел.
