Од коронавирус почина српскиот пејач Предраг Живковиќ – Тозовац

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Легендарниот српски пејач на народна музика Предраг Живковиќ – Тозовац, почина денеска од коронавирус, јавуваат српските медиуми. Имаше 86. години.

Тозовац пред еден месец бил примен во Клиничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“ во Белград со позитивен тест на коронавирус и со воспаление не белите дробови.

Пејачот бил приклучен на кислород, а ситуацијата му била тешка, но стабилна. Меѓутоа не успеа да се избори со болеста.