Утре, сабота, 30 мај, Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „ПОСВЕТЕН ВИКЕНД“ го организираат првиот „Family Day – Football Edition“.
„Подгответе се за 12 часа забава, спорт и музика во паркот „Шопен“!
Програмата започнува точно напладне, во 12:00 часот, со музичка програма и DJ сетови. Додека трае дневното дружење, најмладите ќе можат да се забавуваат во специјално подготвената детска зона со низа активности, а низ паркот ќе бидат поставени промотивни штандови за пијалоци и освежување.
Од 18:00 часот, се собираме пред големиот ТВ екран поставен во паркот каде заеднички ќе го следиме финалето од Лигата на шампионите. Ве покануваме сите да навиваме заедно, во одлична атмосфера од пладне до полноќ“, велат од таму.
