Во понеделник на првиот училишен ден, приватните автобуси ќе бидат редуцирани. Ќе сообраќаат само со една релација наутро.
Во главниот град ќе недостасуваат 150 приватни автобуси.
Приватните превозници тоа го прават поради долгот од страна на Град Скопје и неисполнетото ветување за повисоки плаќања.
Возачот Узејр Амети за ТВ21 вели дека ваквата состојба може да трае 10 дена, при што ќе чекаат да видат што ќе направат од Град Скопје.
-Од понеделник ќе се сообраќа во двата правци и тоа наутро и потоа ќе се прекине, при што цел ден нема да има превоз, вели Узеир Амети, јавен превозник.
Новинар: Колку ќе треае?
-Мислам дека дест дена, да видиме како ќе реагираат од Град Скопје, каква вест ќе добиеме, имаме надеж. Плаќањата не се направени од првиот месец, за првиот месец пуштија нешто и потоа прекинаа, нема веќе, вели Узеир Амети, јавен превозник.
Од Град Скопје велат дека приватните првозници кои нема да работат се политички мотивирани од ВМРО-ДПМНЕ за да создадат хаос.
Градот Скопје и неколку претпријатија кои се под нивна надлежност се во хаос и во големи долгови. Меѓу нив е и ЈСП. Поради политичките пресметки меѓу претседателката Арсовска и Владата предводена од Мицкоски, неопходно е да се најде решение. Арсовска вчера излезе со отворено писмо до премиерот во кое бара и го моли да се договори за набавка на нови еко автобуси.
Власта на ова писмо одговори дека тоа е уште едно алиби на Арсовска за, како што велат, нејзиниот неуспех. Владата побара Арсовска пред да понуди пари за новите автобуси на посебна сметка, прво да ги плати ратите за автобусите што ги купи Шилегов, за да не ги исплати Владата која сега ги плаќа.
Од Кабинетот на Арсовска со одговор. Тие пишуваат дека наместо конструктивност, власта решила да се служи со „селски итроштини“, докажувајќи дека премиерот го интересира како да произведе конфликт за политички да победи.
