Од први јули поскапува струјата, Бислимовски: 98,8% од домаќинствата ќе плаќаат 7,4% повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски им ги објасни на новинарите новите цени на тарифите на електричната енергија. Одлуката за зголемување на цената беше соопштена во проценти, затоа беше нејасно колку точно ќе плаќаат граѓаните за струја од 1 јули. Бислимовски рече дека за 98,8% од домаќинствата струјата ќе поскапи во просек за 7,4%. Домаќинствата ќе бидат поделени во четири тарифни блока зависно од тоа колку струја ќе потрошат.

Според пресметките на РКЕ, 77% од домаќинствата ќе плаќаат поскапа струја за 6,7% во лето.

Граѓаните за потрошените киловати ќе плаќаат според блокови. На пример: 210 киловат часови според цената од првиот блок, од 210 до 630 според вториот блок итн. Во четвртиот блок спаѓаат домаќинствата кои трошат над 1.050 киловат часови.

Доколку не се воведеа новите тарифни модели, тогаш сметките за струја ќе беа повисоки за речиси 18%, вели Бислимовски.

Тој додава дека енергетските компании побарале поголемо покачување на цената на електричната енергија, со што тие би добиле поголем дел од заработката, но, нивните барања се целосно одбиени, заклучува Бислимовски. Инаку, евтината тарифа останува и таа ќе забележи покачување за околу еден денар.