Пратениците на Движењето „Самоопределување“ и на другите партии на немнозинските заедници гласаа за четвртата Влада на Курти.
За владата гласаа 62 пратеници, 8 беа против, а немаше воздржани. Против гласаа пратениците на Српската листа, а на оваа седница отсуствуваа пратениците од Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднина на косово.
Последните две партии најавија дека ќе се обратат до Уставниот суд во врска со процесот на избор на потпретседателите на Собранието.
