Од следната година ќе има нов инвеститор – Попова Шапка подготвена за новата сезона, го чека уште снегот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Попова Шапка е подготвена за новата зимска туристичка сезона. Иако снежните врнежи се недоволни за да се започне со скијање, лифтовите и ски-лифтовите се подготвени за почетокот на туристичката сезона, вели директорот на „Елем турс“ Адем Авзиу.

-Како туристички центар подготвени сме за почеток на туристичката сезона 2022/2023 и само чекаме оптимални врнежи од снег за скијање и безбедност при скијање. Сите лифтови и ски-лифтови се подготвени и во добра состојба и ги чекаме уште снежните врнежи за да започне туристичката сезона-рече Авзиу.

Авзиу за следната година најавува нови инвестиции доколку се одвиваат како што треба сите процедури при склучување на договорот со новиот инвеститор.

-Во бизнис планот и мастер планот што го доставија до комисијата за стратешки инвестиции се е елаборирано и во првата фаза е предвидено проширување на скијачките терени во левиот дел во близина на двоседот “Свети Илија“ ќе имаме жичарница со шест или осум лифтови и две нови скијачки патеки. Во првата фаза се планира да се инвестира во двоседниот ски-лифт кој ќе биде заменет со ски-лифт со шест седишта, планирана е целосна инвестиција за системот за вештачки снег на теренот „Свети Илија“, „Поток 1 и 2“ како ги нарекуваме и се планира шестосед и поврзувачки патеки, реновирање на хотелот „Славија“ и инфраструктурата за заживување на Попова Шапка-рече Авзиу.

Минатата сезона на Попова Шапка беше пуштена во употреба патека за ноќно скијање.