Од следната година ќе се гради соларен парк „Стипио“ – ќе и овозможи ли енергетска независност на земјава?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

270 милиони евра ќе чини Соларниот парк „Стипио“ кој ќе ги задоволува потребите на 94.000 домаќинства. Ќе започне да се гради следната година на местото каде требаше да се гради карго аеродромот во Штип. Местоположбата е соодветна за фотонапонска електрана.

„Северна Македонија ќе добие Соларен парк кој ќе биде еден од најголемите во Европа, со капацитет за производство на електрична енергија од 360-400 МВ. Станува збор за директна гринфилд инвестиција најголема во овој домен за македонската економија“, истакна Зоран Заев.

Производството е проценето на 16% од годишното производсво на електрична струја на ЕСМ. Оваа инвестиција отвора и нови работни места. Тоа е прва посериозна инвестиција на Франција во Македонија во последните 15 години.

„Оваа инвестиција има големо значење, бидејќи ќе придонесе да се зајакне енергетската независност на Северна Макеоднија, истовремено помагајќи и на земјата да го изоди својот  амбициозен европски пат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид“, додаде Сирил Бомгартнер .

Изведувач е водечката француска компанија за прозводство на електрична енергија А Кио Енерџи. Првите количини на електрична енергија ќе треба да протечат во 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024-та година.

„Вие поседувате добра кои никој ќе не може да ви ги земе, а тоа е Сонцето. Благодарение на Сонцето вие од сега ја имате можноста да произведувате електрична енергија од обновливи извори“, посочи Ерик Ското.

Следната година ќе се градат две електрани од по 50мв во Осломеј. Во фаза на изработка се технички студии за изградба на нови 10  мв фотонапонски електрани во Осломеј како и на нови 160мв фотонапонски електрани во РЕК Битола.

Владата има одобрено изградба на 3 ветерни паркови со вкупен капацитет од 110 мв, а со постојниот ветерен парк Богданци ќе се заокружат на 150 мв. Еден од клучниот проекти за енергетската транзиција е Чебрен за кој во игра се 9 сериозни компании.