Дали е под знак прашалник увозот на руските вакцини поради протерувањето на рускиот дипломат од земјата? Филипче резервиран, вели останува да видиме дали ќе има последици во однос на пратката на дозите од руската вакцина. Додава дека дел од дозите ќе стигнат до крајот на мај, но не знае дали тие ќе бидат блокирани поради последните случувања.
Инаку, лидерите на ЕУ доцна вчера не успеаја да се договорат за деталите за европските ковид пасоши кои големите туристички центри ги сметат за суштински за спасување на тековната туристичка сезона. Филипче рече дека се очекува следната недела земјата да почне со издавање на сертификати за ковид-19. Овој вид сертификат ќе ги содржи следните податоци: Дали лицето е вакцинирано, дали го прележало вирусот и дали направило ПЦР тест.
Дигиталниот сертификат може да ги отвори повеќето земји на ЕУ за патување во рамките на Унијата до крајот на јуни. Документот треба да покаже дали некое лице имало негативен тест за Ковид-19, неодамна го прележало вирусот или е вакцинирано. Ова може да обезбеди основа за поништување на барањата за карантин, кои се актуелни за патувања во Унијата.
