„Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз, дека автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од утре, понеделник (11.05.2020 год) продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 19 часот.
Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.
Во прилог се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите).
Останатиот распоред, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје.“, соопштија од ЈСП.




