Од утре полициски час во Солун, Халкидики и уште неколку региони во Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на случаи во Грција, особено во северниот дел се зголемува, па властите одлучија да бидат превземени нови мерки.

Министерството за цивилна заштита објави дека во Солун и поширокиот регион, како и во соседниот регион Халкидики и во градот Лариса, ограничувањата од 4 -ти степен ќе бидат една недела на сила почнувајќи од 1 октомври. Тоа значи полициски час во текот на ноќта, и 24 часовна забрана за музика по кафулињата и рестораните.

Грција минатата година ја помина првата фаза на пандемијата подобро од многу други земји, но оваа година бележи зголемување на бројот на случаи.

Во Грција, денеска се регистрирани 2.232 нови инфекции и 33 смртни случаи, со што вкупниот број на случаи од почетокот на пандемијата се искачил на 655.767, а смртните случаи на 14.828.