Од утре продолжува важењето на бесплатните годишни студентски билети за јавен превоз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од утре продолжуваат да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз, соопшти Јавното сообраќајно претперијатие Скопје.

Посочуваат дека и натаму нема да важат бесплатните средношколски билети и бесплатниот превоз за возрасни лица.

За сите измени, корисниците на посочениот тип билети ќе бидат навремено известени, истакнуваат од ЈСП Скопје.