Oд утре снежен бран и силен ветер низ целата држава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени.

Вo среда ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег.

Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег.