Градскиот воз утре ќе започне да сообраќа на првата од трите предвидени линии и тоа: Зелениково – Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче и Нова железничка станица Скопје.
Железници Инфраструктура за потребите на проектот „Градски воз” изврши целосна реконструкција на пругата за да го подигне нивото и капацитетот на брзина на оваа релација.
Сообраќајот на линијата Зелениково-Нова железничка станица Скопје ќе се реализира со три возови според точно утврден ред на возење кој го утврди МЖ Транспорт.
Официјалната промоција, пак, ќе се одржи во среда, каде ќе присуствува државниот врв.
