Од вечерва од 21 до 5 часот наутро полициски час во кантонот Сараево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поради влошената епидемиолошка ситуација во Кантонот Сараево од вечерва стапуваат во сила заострени рестриктивни мерки, па полицискиот час наместо од 23 ќе почнува во 21 часот и ќе трае до 05 часот следниот ден.

Оваа и други заострени мерки ќе бидат во сила следните 15 денови.

За време на тој период, според одлуката на кантонската Влада, ќе бидат зтаворени сите угостителски објекти, а ќе биде дозволена достава на храна. Се продолжува важењето на сите досега донесени мерки во тој Кантон, како што се задолжително носење заштитна маска на отворени и затворени простори, држење физичка дистанца, забрана за собири и без физичко присуство на настава.